emaxo.mk
emaxo.mk
English Maceodina

  Help

EMAXO - your business center on-line
Вовед во бизнис сервисот Emaxo.mk www.emaxo.mk
БИЗНИС СЕРВИС КОЈ ВИ ТРЕБА .


Emaxo.mk – Ваш бизнис центар онлајн. Emaxo.mk овозможува промоција на Вашата дејност и на Вашата компанија на едноставен начин. Со користење на услугите на Emaxo.mk штедите пари и си го скратувате времето во изнаоѓање на вистински партнери и купувачи на Вашите производи и услуги. Не Ви се потребни физички канцеларији ниту веб страна. Значи, работите без трошоци и Вашата работа ја одработувате каде сакате и кога сакате, а достапни сте им на партнери и купувачи од целиот свет.
Ви нудиме преселување на Вашата физичка канцеларија во онлајн канцеларија, простор достапен секогаш и на секое место, со функционалност многу повисока од канцеларијата и секретарката која работи за Вас .


Станете корисник на Emaxo.mk и осигурајте си достапност до најдобрите партнери, купувачи, понуди и побарувачки и профитирајте брзо и едноставно. Секој корисник добива своја веб страна која може да ја уредува по сопствен вкус и потреба, можност да поставува слики и каталози на услуги и производи со цел брзо да дојде до клиенти. Можете да поставувате понуди за барање како би Ви се јавиле потенцијални добавувачи. Искористете ја можноста на автоматските известувања за потенцијални партнери.

Ви штедиме пари и време – на Emaxo.mk можете да комуницирате со други компании со Инстант Месинџинг, Чет, имејл пораки и Аудио/Видео чет со што ги минимизирате потребите од телефон, факс, други имејл адреси, влекачка пошта. Онлајн размената на документи е брза, ја правите за време на разговорот со клиентите и партнерите додека сте во конференциска врска.



На Emaxo.mk самите ја поставувате веб страната за Вашата компанија и заштедувате на трошоци за изработка, поставување и одржување на веб страна.



Клиентите секогаш ќе Ве имаат во видното поле, Вашите најнови понуди ќе ги доставувате и огласувате брзо и едноставно. Сам го бирате дизајнот на вашата веб страна.

Користете го нашиот систем на автоматско поврзување на партнери со едноставно впишување на Вашите услуги или потреби. Emaxo.mk Ви штеди пари и време.
И сето тоа го добивате одма потребно е само да станете наш член.
Emaxo.mk е најдобриот партнер за промоција на Вашиот бизнис.
Започнете нови бизнис релации наemaxo.mk, пронајдете нови бизнис партнери веднаш!
Поврзаноста е Вашиот прв чекор кон успехот

EMAXO - your business center on-line
Како се станува член на Emaxo.mk? www.emaxo.mk
 
НАЈДОБРИОТ СЕРВИС ЗА МАКСИМАЛЕН УСПЕХ - Emaxo.mk


Регистрацијата на Emaxo.mk е едноставна.
На самата насловна страна на порталот Emaxo.mk кликнете на РЕГИСТРИРАЈ СЕ и ќе се појави едноставен образец во кој се бараат Ваши основни податоци. Кога ќе ги пополните сите полиња станувате член на Emaxo.mk.
На секоја страна од порталот во горниот десен агол стои РЕГИСТРИРАЈ СЕ, така да каде и да кликнете ќе се појави образецот за регистрација. Доколку имате проблем да го најдете образецот, кликнете овде.

Плаќањето на про-фактурата за VIP и Gold членство и бенефициите кои ги добивате со нив, можете да го направите со сите расположливи платежни картички во земјава и преку сите банки на жиро-сметката на Gestalt Solutions д.о.о.:
жиро – сметка: 210 – 06312512701 - 34

При уплатувањето на средствата во Цел на дознака наведете го своето Корисничко име
За да можеме да ја процесираме Вашата уплата. Во моментот кога ќе добиеме информација дека сретствата се префрлени на сметката на Gestalt Solutions д.о.о. Ви одобруваме VIP односно Gold пристап. Emaxo.mk Ви помага да бидете успешни!

Emaxo.mk - најдобриот партнер за Ваша промоција!
 
Работете со максимална добивка и оптимално искористување на капацитетите, најдете нови пазари за своите производи и услуги веднаш на Emaxo.mk. !
Поврзаноста е ваш пат до успехот
Emaxo.mk ви овозможува контакт со сериозни компании од Европската унија.Emaxo.mk
Претставете се пред европската бизнис елита и влезете во мрежата на успешни компании..
Поставeте слики од вашите производи и услуги, поставете web страна на вашата компанија на порталот Emaxo.mk и бидете успешни!!

EMAXO - your business center on-line
Emaxo.mk ценовник www.emaxo.mk
 
  НАЈДОБРИОТ СЕРВИС ЗА МАКСИМАЛЕН УСПЕХ - Emaxo.mk

ОПЦИИ НА УСЛУГАТА БЕСПЛАТНО GOLD член VIP член
Продажни огласи
1
Неограничено
Неограничено
Куповни огласи
1
Неограничено
Неограничено
Производ
1
Неограничено
Неограничено
Огласи за Работни Места
10
Неограничено
Неограничено
Вести и Новости
5
Неограничено
Неограничено
Обновување на информации за компанија
НЕ
ДА
ДА
Обновување на информации за размена
НЕ
ДА
ДА
Обновување на информации за производи
НЕ
ДА
ДА
Обновување на огласите за работните места
НЕ
ДА
ДА
Обновување на вести
НЕ
ДА
ДА
Обновување на клучни зборови
НЕ
ДА
ДА
ИТНО Купувам
НЕ
ДА
ДА
ИТНО Продавам
НЕ
No
ДА
Препорачан Производ
НЕ
No
ДА
Препорачана Компанија
НЕ
ДА
ДА
Веб страна
ДА
ДА
ДА
Суб-домен(http://именакомпанија.emaxo.mk)
ДА
ДА
ДА
Шаблони за Веб страна (различни дизајни)
НЕ
ДА
ДА
AV Комуникатор (chat FREE)
НЕ
НЕ
ДА
Виртуелна Канцеларија
НЕ
НЕ
ДА
EMAXO.COM глобален систем за бизнис конекци
НЕ
ДА
ДА
Цени
Бесплатно
1.999 MKD /год.
2.999 MKD /год.
Цените се без ДДВ (Данок на Додадена Вредност)
Emaxo.mk - најдобриот партнер за Ваша промоција!
 
Започнете нов Бизнис на emaxo.mk, пронајдете нови деловни партнери ВЕДНАШ!
Поврзаноста е првиот чекор на патот до Успехот!

Дали се грижите за....
Високите трошоци за изработка и одржување на веб страната на Вашата компанија?
Високите трошоци за промоција на Вашата веб страна?
Ограничените можности на Вашата веб страна?

НЕ ГРИЖЕТЕ СЕ! EMAXO може да Ви помогне!
Зачленете се на Еmaxo.mk и добијте ги овие услуги БЕСПЛАТНО:
- Веб страна за Вашата компанија
- Инзвонредна Светска Промоција
- Најнови Интернет Продажни Алатки
- Виртуелна Канцеларија
и многу друго....

Изготвувањето на веб страната за Вашата компанија е многу едноставно!
Привлекување на нови купувачи е полесно со Вашата веб страна.
Осигурајте се дека ќе ја добиете вашата веб страна ВЕДНАШ и започнете да ги користите придобивките уште ДЕНЕС!
ДОБИЈТЕ ЈА ВАШАТА ВЕБ СТРАНА БЕСПЛАТНО ВЕДНАШ!!!


EMAXO - your business center on-line
ПОЛИТИКА ЗА ЗАШТИТА НА ИНТЕЛЕКТУАЛНА СОПСТВЕНОСТ www.emaxo.mk
 
НАЈДОБРИОТ СЕРВИС ЗА МАКСИМАЛЕН УСПЕХ - Emaxo.mk

Политика за Заштита на интелектуалната сопственост и казни при кршење на правата на интелектуална сопственост
Web порталот Emaxo.mk (во понатамошниот текст само Emaxo.mk) ги почитува правата на интелектуална сопственосТ на другите и го очекува истотото и од корисниците. За да ја олесниме соработката меѓу Emaxo.mk и Вас и со цел да ја зачуваме Вашата интелектуална сопственост, ја утемеливме следнава процедура:
• Доброволна ревизија и отстранување на документи за кои ќе се утврди дека имаат неприкладни содржина
• Без одложување отстрануваме документи во ситуации кога е соодветно да се побара заштита поради прекршување на интелектуалната сопственост издадена од страна на сопственикот на интелектуалната сопственост против корисникот на сајтот кој предал такви документи
• Корисниците кои ќе предадат компромитирачки списи ќе добијат писмено известување за тоа дека документите се неприкалдни, дека ја прекршуваат интелектуалната сопственост и дека поради тоа ќе бидат отстранети
• Писмено известување ќе добијат и корисници за чии документи се тврди дека го прекршуваат правото на интелектуална сопственост со што ќе добијат можност да се бранат од ваквата тужба
• Во случај да се докаже кршење на интелектуалната сопственост на корисникот му се прекинува членството
Emaxo.mk не е експерт за Вашите права на интелектуална сопственост и не може да верификува дека сите корисници на порталот, кои буквално даваат десетици илјади трагови за размена на сајтот Emaxo.mk, се овластени да ги продаваат добрата кои ги нудат. Ја цениме Вашата помош во идентификување на документи кои наизглед не оставаат впечаток дека ги загрозуваат правата на интелектуална сопственост, а за кои Вие верувате дека ги загрозуваат. Emaxo.mk не е арбитар ниту судија во распавите за интелектуална сопственост. Со бришење на листата во склад со процените, Emaxo.mk не го потврдува тврдењето за кршење на правата на сопственост. Исто така, дури ни во оние инстанци во кои Emaxo.mk одбива да ја избрише листата, ниту Emaxo.mk одредува дека листата не е во склад со правилата за прекршување, ниту ја поддржува продажбата на добрата во тие случаи. Бараме, од оние кои ќе достават жалба за повреда на сопственост и бараат од Emaxo.mk да ги прекинат останатите да листаат траги за размена преку нашиот сервис, да стојат позади своите тврдења.

Процедура за поднесување пријава за наводна злоупотреба на Emaxo.mk:
1. Доколку верувате дека одреден документ поставен на Emaxo.mk ги загрозува Вашите авторски права, заштитен знак, патент или други права на интелектуална сопственост, можете да го симнете нашиот формулар, да го пополните и да ни го доставите по пошта на адреса: Gestalt Solutions д.о.о., плоштад Слобода 6/3, 2000 Штип, Р. Македонија или да ни го испратите на e – mail: gestaltsolutions@emaxo.mk. Пополнетиот документ треба конкретно да го посочи делот или продуктот за кој тврдите дека го загрозува Вашето право на интелектуална сопственост (опис на производот/продуктот, број на модел итн.).
2. Кога ќе го примиме документот внимателно ќе ја разгледаме и евалуираме Вашата поплака и во случај кога е адекватно, брзо ќе го отстраниме документот кој го наведувате во Вашиот допис.
3. Ќе го известиме членот на кој се однесува поплаката за отстранување на спорниот документ, а кој ги повредува правата на интелектуална сопственост и ќе му доставиме Ваши контакт информации за да можете да добиете одговор и за да може обвинетата страна да се брани.
4. Ако другиот член има приговор на отстранување на документот кој наводно ги повредува правата на интелектуална сопственост, членот може да ни достави адекватни податоци со нов контра-допис со кој го оспорува тврдењето. Со примање на новиот контра-допис, можеме да продолжиме со емитување на документот на тој член, освен ако не добиеме извесување од Вас дека против корисникот е покрената легална судска тужба за повреда на правото на интелектуална сопственост.


Emaxo.mk - најдобриот партнер за Ваша промоција!
 
Работете со максимална добивка и оптимално искористување на капацитетите, најдете нови пазари за своите производи и услуги веднаш на Emaxo.mk. !
Поврзаноста е ваш пат до успехот

Emaxo.mk ви овозможува контакт со сериозни компании од Европската унија.Emaxo.mk
Претставете се пред европската бизнис елита и влезете во мрежата на успешни компании..
Поставeте слики од вашите производи и услуги, поставете web страна на вашата компанија на порталот Emaxo.mk и бидете успешни!!


EMAXO - your business center on-line
Oпшти услови за користењe www.emaxo.mk
 
НАЈДОБРИОТ СЕРВИС ЗА МАКСИМАЛЕН УСПЕХ - Emaxo.m

Општи услови за користење

Бизнис директориум-от Emaxo.mk се состои од одреден број web страници наменети на бизнис корисници во Македонија (односно сите корисници кои се во состојба да ја разберат смислата на огласот и да го користат за свои бизнис потреби). Сите активности на овој портал се во надлежност на компанијата BV Media, Лондон.

Со користење на Бизнис директориумот Emaxo.mk Вие како корисник се согласувате со сите услови и ставки кои следуваат, а тоа сé:

Ставка 1:
Содржина на страните:
Бизнис директориумот Emaxo.mk е изработен внимателно и со грижа деталите да добијат свое место и цел во огласниот простор. Сите огласи и информации поврзани со огласувањето доаѓаат од трета страна (различни корисници). Третата страна е одговорна за точноста, целокупноста и квалитетот на информациите. Бизнис директориумот Emaxo.mk не е и не може да биде одговорен за содржината на огласите.

Ставка 2:
Договор за продажба:
Бизнис директориумот Emaxo.mk има за цел на најбрз можен начин да ги спои и да овозможи контакт на купувачите и продавачите, односно потенцијални корисници со други корисници. Основна цел ни е да ја унапредиме досегашната web ориентирана процедура на огласување и да овозможиме поголем успех во пронаоѓање купувачи, добавувачи, работа и слично. Бизнис директориумот Emaxo.mk не е одговорен за продажбата ниту е дел од самиот продажен процес.

Ставка 3:
Собирање информации и употреба на истите:
1. Доколку сакате да ги користите овие страници, морате да се осигурате дека Вашите лични/контакт податоци (кои се користат во продажбата) се комплетни и точни. Вие гарантирате дека законски сте компетентен да ги користите овие страници.
2. Вашите лични податоци ќе бидат користени само да ја потполнат продажбата на заинтересираните купувачи.
3. Бизнис директориумот Emaxo.mk прави сé што е во негов домен да ја заштити приватноста на своите корисници. Лични податоци се користат само за подобрување на нашите услуги кон корисниците на Бизнис директориумот Emaxo.mk.
4. Бизнис директориумот Emaxo.mk има право да употреби e-mail адреса на корисник која корисникот ја наведува како свој личен податок со цел да добие извесување за нова понуда, за статус на предадениот оглас како и за останати видови објаснувања поврзани со оглас кој корисникот го предал или при самото огласување.
5. Бизнис директориумот Emaxo.mk може да содржи линкови кон други web страни. За време на посетата на други web страни за Вас важат правилата и регулациите на страните на кои се наоѓате. Се согласувате дека Бизнис директориумот Emaxo.mk не ја развил таа страна, дека нема влијание врз неа и не сноси одговорност за содржината која таму е објавена.
6. Доколу не се согласувате да бидете ограничен со претходите ставки, Ве советуваме да не го користите Бизнис директориумот Emaxo.mk.

Ставка 4:
Заштита на авторски права и други права на интелектуална сопственост:
1. Правата кои се однесуваат на Бизнис директориумот Emaxo.mk вклучуваат текст, слики, формат, база на податоци и сите останати (статички и/или анимирани) материјали, звуци, формати, апликации, имиња (вклучително и домени) кои припаѓаат на Бизнис директориумот Emaxo.mk во Emaxo.mk со дозвола на давателот на услугата и/или корисникот. Доколку Вие, како корисник, чувствувате дека авторските права Ви се нарушени, Ваша одговорност е какви чекори ќе превземете. Вие добивате на знаење дека Бизнис директориумот Emaxo.mk не превзема одговорност и никако не учествува во било какво решавање на недоразбирањата.
2. Не е дозволена промена, умножување, дистрибуција, продажба на ниту еден дел од страната или на software-от на овој сајт освен ако не е наведено поинаку во договор меѓу Web огласникот Emaxo.mk и друга страна.
3. Корисникот е слободен да ја користи содржината на Бизнис директориумот Emaxo.mk за некомерцијална употреба. Не е дозволено дистрибуирање копии на овие страни или овозможување достапност на трети лица на било каков начин, освен копирање содржина на страните и пребарување на сопствениот компјутер и/или печатење на местата каде тоа е дозволено со икона за печатење.
4. Корисниците се согласни дека Бизнис директориумот Emaxo.mk може без било каква дозвола или согласност огласите кои корисниците ги имаат објавено на Emaxo.mk да ги користи, дистрибуира и објавува на други партнерски интернет страни како што и Бизнис директориумот Emaxo.mk може огласите кои корисниците ги објавиле на други партнерски интернет страни да ги користи, дистрибуира и објавува на своите страни.

Ставка 5:
Исклучување
Бизнис директориумот Emaxo.mk го задржува правото да го исклучи од употреба од своите страни оној корисник кој на било кој начин ги крши правилата и условите или на било кој начин ја забавува или попречува работата на страната. Бизнис директориумот Emaxo.mk го задржува правото да превземе соодветни мерки против ваквите корисници и бара надомест за направената штета или губиток.
Бизнис директориумот Emaxo.mk го задржува правото да ја укине претплатата и да го исклучи од понатамошна употреба на овие страници оној корисник кој ги злоупотребува податоците објавени на овие страни или доколку на било кој начин ги користи страните без овластување, особено во случаи кога:
- Копира содржини објавени на овие страни и ги објавува во/на некој друг медиум за огласување
- Да лобира корисници (клиенти) кои се рекламираат на Бизнис директориумот Emaxo.mk да се огласуваат на некои други страни или други медиуми за огласување преку контактирање на мејл, телефон или SMS нудејќи им ги своите услуги
- На фотографиите кои ги објавува со огласот да наведе и контакт информации без претходно да плати одреден надомест за таа услуга.

Горе наведените постапки се правно казниви и во вакви случаи Бизнис директориумот Emaxo.mk ќе превземе правни мерки да се заштити себе си, своите клиенти и корисници.

Ставка 6:
Гаранција
Бизнис директориумот Emaxo.mk не гарантира:
1. точност, потполност и вистинитост на огласите или текстовите во нив, како ни квалитетот, безбедноста и легалноста на понудените производи и услуги бидејќи тоа го гарантира корисникот
2. надлежност на другата страна во заклучување на договорите, исправност, потполност и точност на личните податоци на корисниците кој ги користи на правилен начин во работењето
3. дека на страниците нема да има грешки и/или дека ќе функционира без прекин во секој момент
4. дека третата страна легално ќе ги користи овие страни цело време

Ставка 7:
Одговорност
Бизнис директориумот Emaxo.mk не може да се смета одговорен кон Вас ниту кон трети особи за било каква штета, губиток или повреда на правата кои настануваат непосредно или посредно поради Вашиот пристап и Ваше користење на овие стани или страни кон кои водат линкови од Бизнис директориумот Emaxo.mk односно поради информации на овие страници, како ни поради постапки кои се или не се превземени во врска со информации од овие страни. Понатаму, Бизнис директориумот Emaxo.mk не може да сноси никаква одговорност кон Вас поради било која содржина прикажана на страните на трети лица на кои може да им дозволи привремен пристап. Било кој ваков пристап не може и нема да се толкува во смисол дека претставува врска со Бизнис директориумот Emaxo.mk ниту дека Бизнис директориумот Emaxo.mk подржува такви страни.

Ставка 8:
Содржина на огласите
1. Секој корисник е должен да пружи актуелен, точен, вистинит и целокупен опис на понудените производи и услуги. Со предавањето на огласот на страната, корисникот му дозволува на Бизнис директориумот Emaxo.mk да праќа и прима понуди или други информации кои се однесуваат на самиот производ.
2. Строго се забранува предавање на оглас на страната на било кој друг начин освен на оној кој е истакнат од страна на сопственикот на Бизнис директориумот Emaxo.mk.
3. Бизнис директориумот Emaxo.mk целосно се вложува на своите корисници да им понуди квалитетна услуга. Поради тоа ги задржуваме сите права за бришење на оние огласи кои не ги задоволуваат тие критериуми. Бизнис директориумот Emaxo.mk има право да ги уреди или измени огласите без најава во случаи кога:
- огласот е поставен во погрешна рубрика
- кога производот, описот и/или цената во огласот е неисправна или непотполна
- кога производот и/или корисникот ги прекршува авторските права и/или други права на интелектуална сопственост
- кога производот може да предизвика штета и/или да ги прекрши права на интелектуална сопственост на некој друг на било кој начин
- кога огласот го има во повеќе од една категорија или кога е предаден повеќе пати
- кога производот или содржината на огласот содржи дискриминирачки елементи, (детски) порнографски материјал или според македонските закони илегални материјали
- кога содржината на еден оглас содржи повеќе производи или услуги
- кога огласот навредува некого
- кога огласот е сомнителен во поглед на тоа дека огласува украдена или илегална роба
- кога цел на огласот е промоција на компанија, директно или индиректно, без претходно да се плати за промоцијата на производот или услугата
- кога содржината на огласот е составен на начин да се оствари подобра позиција на огласот
- кога огласот за Интернет изданието содржи линк на web страната и/или HTML тагови
- кога огласот содржи контакт информации (телефон, e-mail адреса) во рамките на текстот или насловот на огласот
- кога огласот на било кој начин го нарушува квалитетот на содржините
4. Бизнис директориумот Emaxo.mk не е одговорен за било која правна постапка или тужба против корисник базирана на повреда на било кое авторско право или право на интелектуална сопственост.
Ставка 9:
Правила за приватно огласување
1. Приватни мали огласи можат да објават само корисници кој продаваат своја приватна сопственост или огласува за сопствени потреби.
2. Агенции, фирми, занаетчии и сите оние кои огласуваат поради остварување профит (трговци, препродавчи, трговци поединци и сл.) можат да платат оглас според важечкиот ценовник за професионални корисници.

Ставка 10:
Користење на „cookies“
Корисниците се должни да проверат дали нивниот пребарувач ги прифаќа cookies кои се неопходни за непречено користење на страната. Доколку cookies на Вашиот компјутер не се вклучени, Бизнис директориумот Emaxo.mk не е во можност во потполност да ја изврши бараната услуга и не одговара и не ги зема во предвид дополнителните рекламации кои се поврзани со последиците од невклучувањето на cookies.

Ставка 11:
Промени на условите на користење
1. Бизнис директориумот Emaxo.mk го задржува правото на промена на овие услови на користење во било кој момент и без претходна најава. Промените стапуваат на сила од моментот на нивната објава Посетителите се должни да ги воочат тие промени и да се прилагодат на истите.
2. Сите договори се применуваат додека една од договорните страни не го прекине договорот. Вие можете да го раскинете овој договор во било кој момент така што ќе престанете да ја користите страната директориумот Emaxo.mk, но и веднаш да ги уништите сите материјали кои сте ги копирале, печателе или на кој било друг начин сочувале, а кои потекнуваат од оваат страна.

Ставка 12:
Судска надлежност
Македонското правно законодавство е меродавно за толкување и примена на правните прашања поврзани со горе наведените услови за користење на страните на Бизнис директориумот Emaxo.mk, а судот во Штип, Р. Македонија е исклучиво надлежен за сите барања и спорови настанати во текот на користењето на предметните материјали.

Emaxo.mk - најдобриот партнер за Ваша промоција!
 
Работете со максимална добивка и оптимално искористување на капацитетите, најдете нови пазари за своите производи и услуги веднаш на Emaxo.mk. !
Поврзаноста е ваш пат до успехот


Untitled Document EMAXO - your business center on-line
Полиса на Приватност www.emaxo.mk
 
НАЈДОБРИОТ СЕРВИС ЗА МАКСИМАЛЕН УСПЕХ - Emaxo.mk

Полиса
Ова е полиса на приватност која Ве води низ употреба на Emaxo.mk порталот и собирање, користење, трансфер и процесуирање на Вашите податоци од страна на Emaxo.mk порталот. Користејќи го овој портал се согласувате со нашата полиса на приватност која е наведена. Сите термини и ставки кои не се дефинирани во оваа полиса имаат значење усогласено со условите за користење помеѓу Вас и Emaxo.mk порталот кои со самото користење на порталот ги прифаќате.
Податоци кои ги собираме
Податоци за регистрација: Во моментот на регистрација на порталот ќе бидете замолен да пополните регистрациски образец кој од Вас бара да внесете податоци како што се: име и презиме, телефонски број и слични приватни податоци како и податоци за Вашата компанија односно бизнис.
Обновување на податоци: Ако внесете било какви податоци на Emaxo.mk порталот, а кои се објавуваат на самиот портал, како што се каталози на производи, форумски дискусии и сл. со самото тоа давате неотповиклива дозвола за објавување на споменатите податоци.
Информации за плаќање: Доколку направите корисничка сметка со кредитна картичка на Emaxo.mk или ако купите услуга или производ преку polsonline.com порталот или преку компанија која е огласена на Emaxo.mk порталот, можеме да бараме дополнителни податоци доколку е потребно. Ова вклучува податоци за наплата, број на кредитна картичка, датум од кога важи, податоци за следење на чекови и сл.
Статистички податоци: Како додаток, за Emaxo.mk порталот собираме статистички податоци од типот на: IP адреси, тип на web прегледувач, вид на оперативен систем, прегледани страни, број на сесии итн.
Регистрациски информации: Објавени информации, информации за плаќање, статистички информации и сите останати информации кои ги користиме или собираме по пат на “web cookies” (види дел 5) или информациите кои ги собираме на било кој начин ќе бидат колективно именувани како „Собрани информации“.

Како можеме да ги користиме добиените податоци
Генерално: Ги користиме собраните податоци да го подобриме сопствениот маркетинг и пропагандни работи, статистички да ја анализираме употребата на порталот, да го подобриме квалитетот на содржината како и да персонализираме одредени содржини според Вашите потреби.
Собраните податоци можеме да ги користиме за: решавање на евентуални проблеми или за имплементација на условите на користење. Ние НЕ продаваме, тргуваме, изнајмуваме или менуваме било какви лични податоци на наши кориници. Имаме право да ги дадеме Вашите податоци на наши бизнис соработници поврзано со договор со цел подобрување на порталот. Имаме право да поделиме поедини информации добиени со анализа на собрани податоци со нашите бизнис партнери, муштерии, огласувачи или потенцијални корисници. Можеме да ги користиме собраните податоци при извршување маркетиншки кампањи, промоции или пропагандни пораки во име на трета страна. Сепак, во овие услови, Вашите податоци нема да бидат проследени на трета страна доколку не одговорите на маркетиншка порака. Вашите податоци можат да се трансферираат, чуваат, користат и процесуираат надвор од нашето подрачје на делување. Во случај на спојување или трансфер со друго бизнис тело, Вашите собрани податоци ќе бидат проследени на страната која ќе го купи Emaxo.mk. Доколку до тоа дојде, новиот сопственик е обврзан да ги користи овие услови на работење.
Регистрациски информации: Можеме да ги користиме регистациските информации како би можеле да Ви пружиме информации кои ги барате. Конкретно, можеме да ја користиме Вашата e-mail адреса, домашна адреса, телефонски број или факс со цел да Ве контактираме во врска со Наши нови понуди, анкети и слично. Имаме право да генерираме извештаи и анализи базирани на регистрациските информации за внатрешна употреба, мониторинг и маркетиншки одлуки.
Објавување информации: Сите информации кои ги објавувате ќе бидат јавно достапни на страната и следствено на тоа достапни на секој корисник на интернет. Секоја објавена информација која ја давате на Emaxo.mk порталот станува јавна информација и се откажувате од авторските права над истата. Треба да бидете внимателни во изнесувањето и вклучувањето лични податоци.
Информации за плаќање: Poslonline.com дели податоци за плаќање со банки или соработници релевантни во трансакциите кои ги барате. Исто така, Emaxo.mk може да ги користи Вашите податоци за плаќањето со цел утврдување на платежната подобност. Следствено на ова, овие податоци по потреба можат да бидат проследени на банката или кредитната агенција. Секоја информација за кредитната картичка која ја давате преку овој портал директно се проследува на процесуирање на банката одговорна за таа картичка. Emaxo.mk не чува електронски или запис на хартија од Вашите податоци од кредитната картичка. Иако Emaxo.mk има напредни и најдобри можни заштити кои ги штитат Вашите податоци, не постои гаранција дека тие се состојба во потполност да ја зачуваат приватноста на податоците и да спречат можна злоупотреба. Emaxo.mk нема да биде одговорен за било каква штета настаната во ваков случај.
Статистички информации: Ние ги користиме статистичките информации при дијагностицирање на проблем и одржување на нашите сервери кои се задолжени за нашата страна. Имаме право да генерираме извештаи и анализи базирани на статистички податоци за интернет анализа, мониторинг и маркетиншки одлуки. Имаме право да објавуваме статистички податоци на трета страна доколку е потребно, но во тој случај не даваме лични податоци без Ваша дозвола.
Давање информации: Го задржуваме правото на откривање на собрани податоци на надлежни тела кога имаме причина да веруваме дека тоа е нужно поради идентификација, контакт или покренување правна постапка против некого кој не ги почитува, крши или се заканува со кршење на било што поврзано со Emaxo.mk, нашите корисници или било кој кој со тоа би можел да биде оштетен. Исто така, го задржуваме правото да објавуваме информации како одговор на барање на службени правни тела на Р. Македонија.
Односи со заеднички производи:
Имаме односи со трети страни кои Ви нудат производи или услуги кои не ги нудиме директно. Ние Ви нудиме пристап до тие производи било преку хиперлинкови или со проследување директно на страните на тие производи. Во поедини случаи ќе биде потребно да дадете информации по потреба за бараните продукти. Полисата на приватност на тие компании може да се разликува од нашата и ние немаме контрола над тие полиси. Затоа строго препорачуваме да ги прочитате нивните полиси на приватност.
„Колачиња“:
Користиме „колачиња“ да подготвиме поедини информации. Не е необично стани да користат „колачиња“ за напредно идентификување на корисниците. „Колаче“ е мала количина на податоци кои се испраќаат преку Вашиот web пребарувач и се чува на Вашиот хард диск. Доколку не ги оневозможите или избришете, истите ни помагаат при следење на примероците на Вашите посети на нашата страна. Генерално, „колачињата“ ги користиме за автоматизиран пристап на Вашите податоци кога пристапувате на нашата страна. Можете да одберете како „колачињата“ ќе бидат прифатени со конфигурација на Вашиот web пребарувач и оној кој го користите за прегледување на нашата страна. Со поставување на поставките во web прегледникот можете да ги прифатите сите колачиња, можете да добивате известувања кога колачето е пратено или можете да ги одбивате сите колачиња. Доколку ги блокирате сите колачиња ќе морате секојпат повторно да ги внесувате своите податоци. Исто така, одредени делови од страната можат и да не функционираат како што треба.
Малолетници:
Страната и нејзината содржина не се наменети за малолетници. Сепак, немаме начин за распознавање на малолетници, што значи дека полисата на приватност се однесува на особи од сите старосни граници. Доколку малолетниокт објавил информации кои не смеел или за кои стрателот или родителот не дал дозвола, за бришење на тие податоци треба да се јави родителот/старателот лично.
Мерки на безбедност:
Имаме комерцијално разумни мерки за неовластен пристап, одржување на точност на податоците и обезбедување правилно користење на податоци. Како регистриран корисник, Вашите информации можат да бидат видливи и едитирани преку web прегледникот, а заштитени се со лозинка. Не препорачуваме да ја кажувате својата лозинка. Нашиот персонал никогаш нема да Ве праша за Вашата лозинка. Доколку користите заеднички компјутер избегнувајте да ја чувате лозинката на тој компјутер. Никаков пренос на податоци преку wireless мрежа или интернет не може да биде сигурна. Но никој не може да Ви гарантира 100% сигурност. Сите информации кои ги проследуваат се Ваша одговорност.

Промени во полисата на сигурност:
Секоја промена на оваа полиса ќе биде внимателно истакната на нашата страна. Доколку е издадена, новата полиса стапува на сила веднаш по поставувањето на порталот. Со користење на страната се согласувате дека собраните податоци ќе се третираат со новата полиса кога таа ќе стапи на сила. Доколку не се согласувате со ова, треба писмено да го контактирате Emaxo.mk и да побарате од нас да ги уништиме Вашите податоци кои сме ги собрале и кои се наша сопственост.


Emaxo.mk - најдобриот партнер за Ваша промоција!
 
Работете со максимална добивка и оптимално искористување на капацитетите, најдете нови пазари за своите производи и услуги веднаш на Emaxo.mk. !
Поврзаноста е ваш пат до успехот

Emaxo.mk ви овозможува контакт со сериозни компании од Европската унија.Emaxo.mk
Претставете се пред европската бизнис елита и влезете во мрежата на успешни компании..
Поставeте слики од вашите производи и услуги, поставете web страна на вашата компанија на порталот Emaxo.mk и бидете успешни!!


EMAXO - your business center on-line
GOLD и ВИП членство www.emaxo.mk
 
Бизнис сервис кој Ви е потребен


Бизнис порталот Emaxo.mk Ви нуди 3 вида на членство: Бесплатно, Gold и ВИП членство
Можете да изберете едно од овие 3 членства, зависно од Вашите потреби.

Бесплатното членство Ви нуди ограничен пристап и користење само на дел од можностите и услугите кои ги нуди порталот Emaxo.mk. Поставување само на еден оглас за купување, еден оглас за продавање како и огласување само на еден производ кој вашата компанија го нуди, во рамките на профилот кој Вашата компанија го добива на Emaxo.mk. Бесплатното членство има ограничување и во поглед на поставувањето на новости и тоа од само 5 вести и новости кои можете да ги поставите, (за да поставите нови вести морате прво да ги избришете претходно објавените вести). Кај Бесплатното членство постојат и низа ограничувања поврзани со обновување на информациите за Вашата компанија, производите, услугите, работните профили кои ги барате и сл. Немате можност за користење на AV комуникаторот како ни пристап до Виртуелната Канцеларија, но имате можност за отварање на веб страна за Вашата компаниј.

Gold членство Ви нуди неограничени можности во поглед на поставувањето на огласи за купување, продавање, огласувањето производи, објавувањето вести и сл. Можноста за обновување на профилот на Вашата компанија, производите, бараните работни профили, вестите, Ви дава голема предност во однос на бесплатното членство. Немате можност за користење на AV комуникаторот како ни пристап до Виртуелната Канцеларија, но имате можност за отварање на веб страна за Вашата компанија што сепак Ви дава предност во однос на конкуренцијата.

ВИП членството е највисок ранг на членство на порталот Emaxo.mk. Ова членство Ви овозможува неограничен пристап до сите содржини, предности и погодности на порталот Emaxo.mk и во голема мера ќе помага во зголемување на конкурентноста на Вашата компанија на пазарот. Користењето на ексклузивните производи како што се AV комуникаторот т.е. Аудио и Видео Комуникаторот Ви овозможува огромна предност во комуникацијата со заинтересираните клиенти, т.е. со Вашите деловни партнери на пазарот. Покрај AV комуникаторот имате можност и за користење на апликациите на Виртуелната Канцеларија, која во врвен стил ги заменува сите потребни оддели за работењето на една компанија, започнувајќи од делот на финансиите и книговодството до делот на инвентурата и нарачките.

Поставете ја Вашата компанија на Emaxo.mk без никакви потребни познавања од областа на веб дизајнот, без трошоци за одржување и поставување на сопствената Веб страна.

Немате потреба од никакви вложувања во изработката и одржувањето на Вашата веб страна, а Вашите клиенти во секој момент ќе ја имаат на увид Вашата најнова понуда, брзо и едноставно.

Искористете го нашиот автоматски систем за поврзување со Вашите партнери со едноставно внесување на Вашите производи и услуги. Emaxo.mk Ви штеди ПАРИ и ВРЕМЕ.

PoslOnLine je najbolji partner za promociju vašeg biznisa..
 
Започнете нова зделка на emaxo.mk,, пронајдете нови деловни партнери ВЕДНАШ!
Поврзаноста е Вашиот прв чекор до УСПЕХОТ